ЕКОНОМИЈА

Бежовска: Евентуално ново одложување на ратите само за најзагрозените во државата

Народната банка и Македонската банкарска асоцијација во следниот период се очекува да се состанат и да ги разгледаат околностите за евентуално одлучување за уште едно донесување на мерката за одложено плаќање на кредитите. Како што кажа гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска – Бежовска, во вечерашното гостување во емисијата “Економски Магазин“ на Алсат, евентуалната одлука би била донесена за најзагрозените категории на граѓани или компании.

Advertisements

„Секако планираме да имаме разговор со Македонската банкарска асоцијација, да ги видиме нивните размислувања, нивните оценки. Веќе во Народната банка имаме прелиминарна анализа, која секако ќе ја продискутираме за да видиме како понатаму. Дали се неопходни, ако е веќе неопходна таква мерка во кои сегменти ќе биде насочена. Се разбира, мора да се фокусираме на граѓаните и на компаниите коишто се најпогодени во рамки на оваа криза“, рече гувернерката Бежовска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button