ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За првата тура вакцинирање на граѓаните во земјава пријавени 9.577 лица

94-годишната Магбуле Полоска е меѓу првите вакцинирани против Ковид со вакцината Астра-Зенека. За вакцинација се пријавила пред два месеца преку матичниот лекар.

Advertisements

 

 

„Во 8.40 часот морав да дојдам за вакцина. Се чувствувам добро, не почувствував ништо. Да се вакцинираат сите кои имаат потреба, вакцинацијата е добра работа, го штити здравјето на луѓето. Мора да одиме на лекар, таму да бараме решение. Задоволна сум од медицината и верувам во неа, на друго место не барам помош“. рече Магбуле Полоска.

Сотир Келешовски беше првиот во поликлиниката Букурешт кој денеска ја доби првата доза на Астра-Зенека Тој има 85 години. За вакцинирање се пријавил уште од почетокот на пријавувањето.

„Мојот термин е во 9.40 часот, а на сопругата од 13.30 часот. Аплициравме за вакцинација многу рано, бевме меѓу првите, па закажав термин многу рано. Синот нè пријави електронски, а матичниот лекар нè повика за вакцинација.“

Термините се закажуваат на секои десет минути. По приемот на вакцината, потребно е задолжително мирување десет минути.

Преку „Мој термин“ досега се закажани 9.577 термини, а од нив 5.976 се за граѓани над 77 години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button