ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дебарскиот регион со априлска снежна покривка

По топлите денови, вчерашниот попладневен дожд и ветер во текот на ноќта дебарскиот регион го зафатија снежни врнежи. Дебелината на снежната покривка во пониските населени места е неколку сантиметри додека во повисоките таа е над 10-тина и повеќе сантиметри. Снег сеуште врне.

Advertisements

Освен убавината што со себе ја носи, снегот не создаде проблем во нормалното одвивање на патниот сообраќај. Сепак се препорачува внимателно возење поради влажни коловози и појава на помали одрони од камен.

-Сообраќајот се одвива непречено, но по влажни коловози, а на некои делови има остатоци од кашест снег, како и појава на помали одрони од камен. Нашите екипи се постојано на терен во расчистување и засега нема проблеми. Сепак препорачување внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација, како поради влажниот коловоз, така и поради можноста од појава на одрони, препорачуваат од дебарската секција на „Македонија пат“.

Под надлежност на дебарската секција се делницата Дебар-Жировница, на патот кон Маврово, Дебар-Глобочица, кон Струга, патот Мелнички Мост – Центар Жупа, кракот од Бошков мост кон селата од Мала Река, како и патот кон граничниот премин „Блато“ или во вкупна должина од околу 120 километри.
Снегот секако е добредојден за зголемување на дотекот на вода во реките а со самото тоа и во акумулацијата „Шпилје“ (Дебарско Езеро)./MIA

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button