ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Епилогот од изборите во Бугарија се очекува да ги врати разговорите Скопје – Софија на вистинскиот пат

Официјално Скопје е оптимист дека со епилогот на парламентарните избори во Бугарија ќе има подобрување на билатералните односи, кои беа прекинати за време на предизборната кампања. Специјалниот претставник на Владата, Владо Бучковски, за Алсат изјави дека очекува рационалноста да биде посилна по изборите.

Advertisements

„Се надевам дека по изборите, рационалноста ќе биде посилна од емоциите. Нашата стратегија да не започнеме интензивни преговори за време на предизборната кампања во Бугарија, беше мудра одлука“, изјави Владо Бучковски, специјален претставник на Владата за Бугарија.

Експертите, Мерсел Билали и Мухамед Халили, се надеваат дека до крајот на оваа година, Скопје и Софија ќе најдат формула за деблокирање на преговорите за членство на земјата во ЕУ.

„Се очекува нова страница во односите и сметам дека е невозможно за Бугарија темпото на односите меѓу двете земји да се движи со оваа брзина. Со оглед на големиот интерес на Бајден за Западен Балкан, сметам дека ова прашање ќе биде значително ублажено, не може да остане иритантно. На крајот на годината Бугарија ќе даде зелено светло. Овој пат е реално“, рече Мухамед Халили, поранешен амбасадор.

„Се чини дека обете страни придонесоа ситуацијата да излезе од контрола. Се гледа дека е длабока. И по изборите, на партиите им е тешко да се повлечат од своите позиции. Ако не сега, во рок од 8 до 9 месеци ќе имаме почеток на преговори, но исто така ќе имаме и дополнителен услов во рамките на соседските односи, односно решавање на прашањата со Бугарија. За жал, влеговме во многу чувствителна фаза, за што ќе биде потребна дополнителна енергија за да се завршат разговорите, што и онака ќе траат долго“, нагласи Мерсел Билали, политички аналитичар.

Неодамна, односите меѓу Скопје и Софија влегоа во напната фаза. Скопје достави протестна нота за провокативниот предизборен видео спот на бугарското ВМРО на Каракачанов, додека Софија упати протестна нота за забрана за влез на околу 1.000 книги од Бугарија.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button