
Полското обвинителство побара од судот да издаде барање за привремено апсење на тројца контролори на летот кои работеа на аеродромот во Смоленск кога се урна авионот на претседателот Лех Качински во 2010 година, изјави портпаролот на одделот, Ева Бијалик.
Барањето е доставено до окружниот суд во Варшава. Ако судот донесе одлука за апсење на контролорите, тоа ќе биде чекор кон издавање на меѓународна потерница против нив со барање да биде испорачана во Варшава.
Бијалик објасни дека „контролорите на летот се обвинети за намерно предизвикување авионска несреќа што однесе многу животи“.