
Нивото на пренесување на Ковид 19 во Европа е „алармантно“, соопшти денеска Светската здравствена организација.
Од таму изразија и загриженост за скратувањето на планираните или воведените карантини поврзани со коронавирусот во неколку земји, вклучувајќи ја и Франција.
„Бројките од септември треба да послужат како аларм за сите нас“ низ цела Европа, каде што бројот на нови случаи на инфекција е поголем од оној регистриран во март и април“, рече директорот на европскиот огранок на СЗО, Ханс Клуге.