ВЕСТИСВЕТ

Бразил урива црни ковид-рекорди: Над 4 илјади починати во 24 часа и 87 илјади заразени

Во Бразил вчера по првпат од почетокот на пандемијата е надмината границата од 4 000 смртни случаи како последица од ковид за еден ден, со пријавени 4 195 починати во последните 24 часа, соопшти тамошното Министерство за здравство.

Advertisements

Со вкупно 336 947 смртни случаи досега, а Бразил, со повеќе од 210 милиони жители, е втор во светот, по САД, по бројот на починати од ковид.

Бразил, исто така, е втор во светот по бројот на заразени, со повеќе од 13 милиони потврдени случаи на инфекција досега и 86 979 во последните 24 часа.

Според статистиката, пандемијата во оваа јужноамериканска земја како да излезе од контрола, со тоа што „црните“ рекорди се уриваат секојдневно во последните неколку недели.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button