
Европската агенција за лекови (ЕМА) попладнево ќе одржи прес – конференција за случаите со згрутчување на крвта кај лицата кои примиле вакцина на „Астра Зенека“.
Прес – конференцијата е најавена за 16 часот во Амстердам.
Ставот на ЕМА следи откако вчера главниот одговорен за стратегијата на вакцинација во оваа Агенција, Марко Кавалери, за италијанскиот весник „Месаџеро“ изјави дека постои поврзаност помеѓу вакцините на „Астра Зенека“ и случаите на згрутчување на крвта.