ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Битиќи: Ќе покриеме дел од загубените приходи за овие две недели

Кафе за носење и храна со достава. Кафулињата и рестораните ставија клуч на врата за гости. Граѓаните од денеска до 20-ти април ќе можат да нарачаат храна за да им биде доставена или да подигнат храна и пијалок од угостителски објект доколку има обезбедено шалтерски систем.

Advertisements

Угостителите најавуваат масовно отпуштање на вработени доколку нема мерки наменети за овој сектор. Вицепремиерот Фатмир Битиќи во вечерашната емисија „Економски магазин“ најави дека мерки за помош овој сектор ќе добие.

„Ќе покриеме дел од загубените приходи овие две недели на угостителските објекти, ги правиме последните калкулации на процентот на покривање на изгубените приходи. Но, овој модел го спроведуваме за прв пат, но мислиме дека е модел кој навистина ќе им помогне колку толку во загубата која ќе ја имаат, загубата ќе ја делат и работодавците и ние како држава, но мислиме дека овој е поправеден модел во даден момент“, вели Битиќи.

Неофицијално, се разгледува можноста угостителите да ја добијат помошта како неповратна, при што државaта ќе покрие дел од загубените приходи кои ќе ги имале овие две недели. Просекот ќе се пресметува според приходите кои што ги имале во првите три месеци од претходната година кога работеле, по што ќе се утврди колкава ќе биде висината, односно процентот за покривање на загубите.

Според информациите, Владата во преговорите ќе влезе со предлог да се субвенционираат 10 отсто од загубениот приход кој што требало да го остварат во наредните две недели. Покрај угостителските објекти од денеска и пекарниците, сендвичарите и останатите објекти каде што се служи храна почнаа да ја служат преку шалтерски систем. Истото правило важи и за обложувалниците кои ќе работат преку шалтер. Целосно затворени се и вежбалните, фитнес клубови, спортските центри а забрането е да се организираат и семинари, обуки, курсеви и останати видови на настани.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button