ВЕСТИРЕГИОН

Грција од денеска дистрибуира бесплатни домашни тестови на ковид-19

Од денеска во Грција секој граѓанин има право на еден комплет за само-тестирање на коронавирусот неделно. Тестовите се бесплатни и ова е дел од напорите земјата да се справи со ненадејниот пораст на инфекции и хоспитализации. Приоритет на домашни тестови ќе имаат наставниците и средношколците на возраст од 16 до 18, бидејќи властите имаат намера повторно да ги отворат училиштата. Заменик министерот за здравство Василис Кодозаманис изјави дека тестовите содржат брисеви за нос и се лесни за употреба и затоа нема потреба да се прават во присуство на здравствени работници.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button