„Уапсете го Бил Гејтс“! Протести низ Австралија против основачот на Мајкрософт

Голем број Австралијци излегоа на улиците и побараа апсење на милијардерот Бил Гејтс.
На голем плакат во Мелбурн основачот на Мајкрософт беше прикажан насмеан и со шприц во раката, велејќи: „Време е да се инсталира апдејтот“.
Во меѓувреме, беа организирани протести и во други градовите низ Австралија. Австралијците бараат Бил Гејтс да се соочи со обвиненијата за „злосторства против човештвото“.
Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда во последните месеци се под лупа на јавноста поради нивното мешање во светските здравствени теми, пред сѐ поради нивниот интерес за пандемијата на Ковид 19.
Кон крајот на август, на масовен митинг во Германија, народот побара човештвото да се разбуди и да го отфрли Бил Гејтс, кого демонстрантите го нарекоа „светски здравствен диктатор“.