Поповиќ: Владините хонорарци не извршуваат нестандардни задачи, имињата можело да се соопштат и порано

Миша Поповиќ од Институтот за демократија, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат оценува дека не било неопходно Владата да не ги обелоденува имињата на хонорарците бидејќи не станувало збор за лица коишто извршуваат нестандардни задачи. Како што вели Поповиќ, тестот на штетност, кој според Владата требало да биде спроведен пред евентуалната одлука за откривање на имињата на хонорарците не е комплексна задача и можело побрзо да се спроведе.
„Тестот на штетност е прилично едноставна работа. Не може да ви треба една недела за да сфатите дека некој што помага во Пи-Ар, или во обезбедување на стриминг…јавниот интерес преовладува пред заштитата на приватноста. Зборуваме за случаи во коишто се работи за стандардни засилувања на владините кадровски потреби. Не гледам тука некоја голема комплексност, тоа можело да се направи и многу порано“, вели Поповиќ.