ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обложувалници „переле“ пари преку граѓани? Уплатени пари кај лица кои не играле

Антикорупциска открива сериозна злоупотреба на лични податоци и има сомневање за проневера или перење на пари од страна на неколку спортски обложувалници. Антикорупционерот Горан Трпеноски за Алсат вели дека при проверка на податоци на дел од функционерите откриле дека некои обложувалници во даночните пријави кои се поднесуваат во УЈП, им евидентирале добивка, иако тоа не се случило. Засега не открива кои се тие обложувалници и на колку лица евентуално им биле злоупотребени податоците. Засега антикорупционерите велат дека имаат докази за сума од 40 илјади евра.

Advertisements

„Дојде човекот, му земавме службена белешка и вели – јас во даночната пријава немам добивка од игри на среќа. Значи тоа е измама со личните податоци. Обложувалниците, односно тоа е сигурно голема мрежа, но тоа треба да испитаат институциите. Во даночните пријави, ви ставаат вас добивка од игри на среќа и ти како играч немаш обврски. Данокот е платен, сè ти е ОК, не си ти оштетен, но и не знаеш дека се случила таква работа.“

Трпеновски вели дека за оваа проблематика известени биле МВР, Финансиската полиција, УЈП. Обвинителството веќе вршело и предистрага. Од антикорупциска предлагаат како превентива за да не доаѓа до вакви случаи, да се промени Законот за игри на среќа. Имено, повеќе да не биде дозволено исплата на добивка во кеш, туку исклучиво на трансакциска сметка.

Ile Petrevski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button