ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово сè уште се соочува со недостиг на вода за пиење

Пет дена Тетово е без вода за пиење. Жителите изразуваат револт и велат дека е страшно во време на пандемија, да немаат вода за лична хигиена. Дел од нив се обратиле до општинското јавно претпријатие и бараат одговорност. Велат: вода се пронајде и на Марс ама  во Тетово ја снема ..

Advertisements

„Ова не е нормално, поминаа неколку години, неколку децении во кои  постојано се ветува но кога станува збор за реализирање, тогаш некогаш има проблем со средства, а некогаш со проектите“.

Од општинското јавно претпријатие, секто за водоснабдување, за Алсат изјавија дека недостатокот на вода е резултат на замрзнување на изворите и исцрпување на водата во акумулациите. Не ја исклучуваат можноста за враќање на рестрикција.

Имаме ниски температури и кога паѓаат температурите имаме затегнување на изворите .Ниските температури го направија своето и немаме проток на вода во изворите. Ако продолжи овој пад, ќе бидеме принудени да донесеме решение или ќе мора да одиме со тоа што е најнепосакувано- рестрикцијата“.

Реагираше и опозицијата. Алијанса бара барем навремено информирање на жителите.

„Според ова, немаме вода цела година, бидејќи во зима изворите се замрзнуваат, а во лето се сушат. Нема информации на веб- страницата на компанијата  зошто граѓаните се лишени од ова основно човеково право, а тоа значи флагрантно кршење на основното човеково право за пристап до вода за пиење“.

Тетово во моментов има околу 210 литри вода за пиење во секунда, што е недоволно за снабдување на целиот град со вода, во споредба од пред една недела, кога оваа количина беше 80 литри повеќе.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button