ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Четворица загинати и 11 исчезнати откако катастрофални поплави го погодија турскиот брег на Црното Море


Четворица загинати и 11 исчезнати откако катастрофални поплави го погодија турскиот брег на Црното Море во последните 24 часа. Во крајбрежниот град Гиресун, силните дождови ги претворија патиштата во реки кои поплавија возила. Обилните дождови предизвикаа и одрони на земјиштето, што ги покри дури и првите катови на зградите во одредени области. Гиресун е најпогодениот град, но силните дождови ги блокираа патните врски на стотици села а проблеми има и во градот Самсун, кој се наоѓа на 200 километри на запад. Овие зони ги посети и министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, кој внимателно ги надгледуваше спасувачките операции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button