ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Шестиот пакет за стопанството со нови мерки за најкритичните сектори

Шестиот пакет за помош на стопанството ќе содржи неколку мерки наменети искучиво за дејностите кои се затворени и кои што се најпогодени сектори. Владиниот економски тим според инфомациите на Алсат на утрешната седница ќе предложи повторно доделување на бескаматни кредити и неповратна финансиска помош. Неофицијално, бескаматните кредити кои ќе се доделуваат преку Развојната банка ќе бидат наменети за транспортери, превозниците на патници и за медиумите.

Advertisements

Засега, познато е дека мерката која ја најави вицепремиерот Фатмир Битиќи во „Економски магазин“ ќе биде сигурно предложена на утрешната седница. На угостителите кои беа затворенени поради рестриктивните мерки ќе им биде дадена неповратна помош која е пресметана како процент од приходот кои што го оствариле во првите три месеци од годинава.

„Ќе покриеме дел од загубените приходи овие две недели на угостителските објекти, ги правиме последните калкулации на процентот на покривање на изгубените приходи. Но, овој модел го спроведуваме за прв пат, но мислиме дека е модел кој навистина ќе им помогне колку толку во загубата која ќе ја имаат, загубата ќе ја делат и работодавците и ние како држава, но мислиме дека овој е поправеден модел во даден момент“, велеше Фатмир Битиќи- Вицепремиер задолжен за економски прашања.

Засега нема детали колку се планира да тежи шестиот сет на економски мерки. Од Министерството за финансии не одговорија на прашањата дали во буџетот има обезбедено пари за овие мерки, или допрва ќе треба да се обезбедуваат.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button