ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Европската комисија и Советот си играат „шуга“ со словенечкиот нон-пејпер за Балканот

Советот на амбасадори во земјава е загрижен за нон-пејперот за кој се тврди дека носи „словенечки потпис“, а кој предвидува промена на границите на Западен Балкан. Љупчо Арсовски вели дека промената на границите, етноцентризмот и национализмот се опасни игри што би предизвикале крвопролевање. Според него, изненадува тоа што оваа опасна идеја е ставена на хартија од пријателска Словенија, иако власта во Љубљана официјално не го признава тоа.

Advertisements

Европската комисија одбива да го коментира нон- пејперот.

„Не е работа на Европската комисија или на европската служба за надворешни работи да зборуваат за наводниот нон-пејпер бидејќи Комисијата не добила ништо и не ја знае наводната содржина на таквиот документ. Прашањата во врска со истиот треба да се испратат до наводниот испраќач (словенечкиот премиер) или наводниот примател (претседателот на Европскиот совет).“

Од Европскиот совет пак, од каде претходно признаа дека го добиле нон-пејпер во февруари, не сакаат да откријат што мислат за него и кој е испраќачот.

Симос Пиперидис, Портпарол на Европскиот совет

„За жал во оваа фаза немаме коментар да објавиме на оваа тема.“

Во нон-пејперот се наведуваше идеја за обединувањето на Косово и Албанија, за обединувањето на Република Српска со Србија, на хрватските кантони од Босна и Херцеговина со Хрватска и за доделување на посебен статус на хрватскиот дел во Босна. Што се однесува до судбината на Босна и Херцеговина како држава, нон-пејперот препорачува тоа да се утврди преку референдум, каде Бошњаците би бирале дали сакаат да влезат во ЕУ или во некаков сојуз со Турција. Овој документ, иако неофицијален, предизвика реакции низ целиот регион.

Anesa Salihu

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button