МАКЕДОНИЈА

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на двете други природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Advertisements

Сепак, само водостојот на Дојранското Езеро е повисок од просечниот за април и тоа за 2,84 метри. Нивото на Охридското Езеро е за 20 сантиметри пониско од просечното, додека водостојот на Преспанското Езеро е понизок за 1,51 метар од повеќегодишниот просек за овој период од годината, но за 13 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.

Пониски од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава. Исклучок се Вардар на мерното место кај Велес, Пчиња на мерните места кај Пелинце и Катлановска Бања и Струмица кај Сушево каде водостојот е повисок од просекот за овој месец.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button