ВЕСТИСВЕТ

Американскиот амбасадор во Москва се враќа на консултации во Вашингтон поради зголемените тензии

Американскиот амбасадор во Москва, Џон Саливан, рече дека оваа недела ќе се врати во САД на консултации во време на зголемени тензии меѓу Москва и Вашингтон.

Advertisements

Односите меѓу Русија и САД влегоа во нова фаза на зголемените тензии, кога американскиот претседател Џо Бајден воведе нови санкции поради компјутерски напади, мешање во изборите и заканите против американските војници во Авганистан.

„Верувам дека е важно за мене да зборувам директно со моите нови колеги во администрацијата на Бајден во Вашингтон за моменталната состојба на билатералните односи меѓу САД и Русија“, рекол Саливан, пренесе денеска портпаролката на амбасадата Ребека Рос.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button