ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна

Состојбата со корона вирусот во градинките е стабилна и нема случаи на ширење на инфекција помеѓу децата, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Таа додаде дека бројката на новозаболени дечиња и на вработени во градинките е во опаѓање.
„Стабилна е состојбата, ширењето на инфекцијата меѓу децата во градинките досега не постоело и бројките одговараат на вкупната епидемиолошка состојба во државата“, рече министерката Шахпаска.