ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Алијанса – Алтернатива го подготвија текстот на Законот за државјанство

Алсат ексклузивно дознава дека албанската опозиција АА-ААА го подготвиле текстот на Законот за државјанство. Истиот ќе биде доставен на разгледување до пратеничката група на СДСМ и потоа ќе биде покренат како предлог на пратеничката група. Постапката за одобрување ќе започне по враќањето на работата на законодавните служби во Правно-законодавната комисија, бидејќи едниот од нив е позитивен на Ковид-19, додека други двајца се во изолација. Следната недела се очекува нова средба на лидерите Заев-Села-Гаши.