Билали-Зендели: Ставот на опозицијата за одложување на пописот ги збунува иселениците

Ставот на албанската опозиција во врска со одложувањето на процесот за попис на населението, според пратеничката на ДУИ, Арта Билали-Зендели, создава забуна кај албанската дијаспора. Пратеничката во емисијата „Патот кон…“ потсети на времето кога Алијанса во Комисијата за европски прашања барала одложување на пописот. Според неа, во тоа време бројот на жртви предизвикани од Ковид-19 бил 15, додека на денот кога беше изгласан законот за одложување на пописот (2 април) во нашата земја биле регистрирани 51 жртва.
„Во моментот кога беше одлучено да се одложи пописот, имаше 51 жртва, на 2 април. Во моментот кога г-н Снопче побара во комисијата одложување, со амандман, имаше 15 починати. 51 е математички поголемо од 15. Каде е логиката на г. Снопче, само биди против, да се збунат емигрантите, да се пасивизираат, да се демотивираат иселениците. Ние исто така го браневме одложувањето на попоисот на 2 април, јас исто така го бранев со реплики затоа што за мене и за ДУИ е поважно здравјето на граѓаните од политичките точки или политичките обвинувања што можете да ги испратите“, изјави Арта Билали- Зендели , пратеничка на ДУИ.