ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Косовскиот амбасадор во Македонија контактиран од Судoт во Хаг


ФОТО: Асошиејтед Прес
Алсат
30.07.2020 09:59
Амбасадорот на Косово во Северна Македонија, Ѓерѓ Дедај, изјави дека бил контактиран од меѓународниот Специјален суд за Косово, но вели дека не бил испитуван и не е поканет како сведок од Обвинителството во Хаг, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во синоќешното интервју за косовската јавна телевизија РТК, Дедај изјави дека од Трибуналот му се јавиле за да го прашаат дали доживеал „вознемирувања, закани и слично“.
– Бев контактиран, но ништо повеќе. Подготвен сум да одговорам и барам да се расветлат сите злосторства во Косово, а се знае дека злосторствата ги извршија Србите, изјави Дедај, оценувајќи дека Специјалниот суд води „неправеден процес против Ослободителната војска на Косово“.