Денеска четиригодишнина од крвавото насилство во Собранието

Четири години од теророт во Собранието. Организаторите на крвавиот четврток сè уште остануваат во својство на обвинети. Меѓу нив се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Велјаноски, поранешните министри, Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, а во истрагата како осомничен се јавуваат и Никола Груевски и разузнавачот Никола Бошковски.
Во меѓувреме, 16 лица осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок со вкупно 188 години затвор се во процес на жалба на одлуката пред Врховниот суд. Во оваа група се Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност, демонстранти, напаѓачите на лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села. Со помош на посебен закон во контекст на национално помирување, амнестирани беа пратениците кои ги отворија вратите на Собранието на 27 април, Крсто Мукоски и Саше Василевски, во замена за нивна поддршка на уставните измени за промена на името на државата.
Но, Абдилфета Алими, кој го спаси Зиадин Села, не беше вклучен во оваа група. Неговиот чин беше оценет како хуман и казната му беше намалена.
На насилството му претходеше изборот на Талат Џафери за нов претседател на Собранието, по 5 месеци одолговлекување на постапката за конституирање на законодавниот дом. Протестите „За заедничка Македонија“ кои траеја 100 дена против таканаречената „Тиранска платформа“ кулминираа со влегување во Собранието. Лидери, пратеници и новинари беа нападнати. Истрагата заклучи дека полицијата намерно не интервенирала како резултат на нефункционирање на т.н. „златна команда“.
Во тоа време, Министерството за внатрешни работи го водеше Агим Нухиу, член на ДУИ, а директор на БЈБ беше Чавков. Двајца агенти на УБК се обиделе да ги избришат снимките од безбедносните камери, но снимките биле зачувани на друг сервер.
Парламентарното мнозинство успеа да формира Владата, но по интервенција на специјалниот пратеник од САД, Брајан Хојт Ји. Траги од насилството во Собрание може да се видат и денес, а некои делови од законодавната зграда се сè уште затворени поради оштетувањата пред четири години.
Адриан Керими