ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шекеринска: Не очекувам можен пресврт со Бугарија во јуни

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека не очекува оти е можен пресврт до јунскиот самит во односите со Бугарија , без партнер од другата страна и со техничка влада во таа земја.

Advertisements

Таа ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање дали можеме да се надеваме на позитивен одговор во јуни за почеток на преговорите со ЕУ, по промоцијата на новите 55 подофицери во скопската касарна „Илинден“.

“Има едне дел од обврски што не зависат од нас. Ние не можеме да ја избериме бугарската влада и не можеме да го создадеме преговарачот од другата страна. Тоа на што не можеме да влијаеме погрешно е да го прогнозираме”, одговори министерката.

Но, таа додаде дека до јуни, треба да ги потсетуваме сите оти нашите обврски се исполнети и очекуваме ист тип посветеност и доследност и од ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button