ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Заев: За Велигден да ги исполниме полјаните, да ги избегнуваме затворените места

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција уште еднаш апелираше да се почитуваат препораките на надлежните институции во пресрет на Велигденските празници.
„Доаѓаат убави, сончеви денови. Треба да ги исполниме полјаните, но да ги избегнеме затворените објекти. Можеме свеќа да запалиме пред зграда. За време на сите претстојни празници да се тргнеме од гужвата, да држиме дистанца“, апелираше Заев.
Заев рече дека за време на празниците ќе биде во Струмица, заедно со семејството.