МАКЕДОНИЈА
Филипче: Засега нема нов случај на компликации по примена вакцина на Астра Зенека

Нема друг случај на компликации по примена вакцина на производителот Астра Зенека во земјава, информира во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, министерот за здравство, Венко Филипче. Тој додаде дека девојката, кај којашто беше констатирана таа појава во пределот на едното око, нема никакви дополнителни компликации.
„Добро се заврши, девојката добро се осеќа, немаше никаква дополнителна компликација како резултат на ова, што многу лесно може да се случи кога станува збор за таа регија, така што тоа засега е единствениот случај“, рече Филипче.