МАКЕДОНИЈА

Ристевска Јорданова: Политичките процеси во ЕУ се рефлектираат и врз нас, нема расположение за нови членки

Во Европската Унија нема расположение за проширување, оценува Малинка Ристевска Јорданова, експерт за европски прашања во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат. Како што вели таа, во блокот моментално се одвиваат сложени политички процеси коишто имаат реперкусии врз нас.

Advertisements

„ЕУ нема ниту расположение ниту реална стратегија за проширување, иако има донесено нова стратегија, како да пристапи кон проширувањето. Реално, нема расположение кај клучни држави членки, особено имајќи го предвид она што се случува со новите членки. Имате силни процепи внатре во Демохристијанската група, којашто е една од носечките во ЕУ, има вртење кон крајна десница. Не знаат што да прават ни со своите членови и мака мачат да ги контролираат тие процеси. Внатре се одвиваат многу сложени процеси и мислам дека проблем е на политиката внатре во ЕУ, којашто има реперкусии на нас“, вели Ристевска Јорданова.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button