МАКЕДОНИЈА

Арсовски: Одвојување на билатералниот проблем со Бугарија од евроинтеграциите според моделот на Словенија и Хрватска

Проблемот со Бугарија нема да може да го решиме до крајот на оваа година, оценува политичкиот аналитичар, Петар Арсовски во своето гостување во емисијата „200“ на Алсат. Како што вели тој, единствено што би можеле да сториме е да го одвоиме билатералниот проблемот со Бугарија од почетокот на преговорите со Унијата, по примерот на Словенија и на Хрватска.

Advertisements

„Тоа најмногу ќе зависи од односот на другите 26 земји членки и на САД кон едната земја членка која ја спречува првата меѓувладина конференција. Ние тука не можеме многу да направиме, можеме да ги повториме нашите ставови. На Меѓународната заедница е да одлучи дали овие принципи ќе ги поддржи или ќе ѝ дозволи на Бугарија да ги прекрши“, вели Арсовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button