Повлечено обвинението против Рангелова за “Шамарите”

Во завршен збор, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против обвинетата Даниела Рангелова – екс пратеничка на ВМРО – ДПМНЕ за случајот “Шамари во Центар”. Освен за неа, обвинението е повлечено за уште двајца обвинети.
За обвинетата Рангелова, појасни Фетаи, во текот на главната расправа произлезе дека од нејзините дејатвија не произлегува делото за кое се товари.
– Од изнесените докази не се покажа нејзина инволвираност во делото и од тие причини не опстанува обвинението против неа, изјави Фетаи. За сите обвинети, појасни Фетаи, од изнесените доакзи се покажа нивната инволвираност, освен Андоновски и Богдановски.
– Однесувањето на двајцата немаат таков интензитет на насилно однесување и од тие причини се откажувам од гонење против нив, изјави Фетаи.
Како обвинети остануваат бегалецот Никола Груевски, Миле Јанакиески како и Александар Трајковски кој го посети Груевски во Унгарија со објаснување дека одел во Будимпешта за лекување. Судењето за овој случај трае четири години а два пати почнуваше од почеток.