ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Засега слаб интерес на граѓаните од Македонија да патуваат во Грција

Првиот викенд откако Грција дозволи влез на странски државјани, на граничниот премин Богородица има слаба раздвиженост. Денеска од осум до 13 часот од државава излегле вкупно 730 патници од кои 224 се државјани на Македонија. Поголем дел од останатите биле Срби. Според надлежните на преминот, патниците се запознаени со условите за влез во Грција, а тоа се негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа или сертификат за примени две дози вакцина против ковид-19. Важно е од примената втора доза да се поминати 14 дена. За деца над пет години е потребен ПЦР тест. Преминот е отворен од шест до 22 часот.

Advertisements

Апсолутно дека ги почитуваат условите. Немаме случаи наши или странски државјани да се враќат коишто не ги исполнувале условите за влез во Република Грција. Апсолутно сите ги исполнуваат условите – изјави Јасминка Аврамска – командир на ГП „Богородица“.

Надлежните предупредуваат дека не е точна информацијата дека со тест за антитела е можно да се влезе во Грција. Потсетуваат дека е потребен и посебниот формулар за влез во Грција кој може да се најде на интернет страницата travel.gov.gr.

Претходно е потребна PLF електронска најава за влез во Република Грција. PLF страната се наоѓа на грчките портали, можете да ја најдете на инфо-страниците и се достапни за нашите и за останатите граѓани -рече Јасминка Аврамска – командир на ГП „Богородица“.

Грчките власти ги кренаа рампите на граничниот премин Евзони за влез на странски државјани во петокот. Преминот беше затворен цели 14 месеци поради пандемијата со корона-вирусот. Грција се отвори паралелно со стартот на летната туристичка сезона. Инаку, Германија од денеска го укина карантинот за влез на државјаните од Македонија и Косово, но останува условот за негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или сертификат за примени двете дози вакцина, но само од производител одобрен од Европската агенција за лекови.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button