И оваа учебна година ќе започне со старите проблеми

Учебната година 2020/2021 година, покрај новите проблеми како резултат на пандемијата, ги носи и старите. Недостатокот на книги, нивната состојба, па дури и содржината, со години се без решение. Зинка Ганиќ и нејзината ќерка дојдоа денес да ги предадат книгите од трето одделение и да ги земат тие од четврто одделение. Некои од учебниците беа во подобра состојба, но другите со одлепени страници.
Еве какви се најкористените книги по македонски јазик и математика. Книги по Математика и Природни науки добиваме нови секоја година. А, по македонски јазик и по другите предмети корситени од претходните генерации, вели еден родител.
Недостатокот на некои учебници ќе биде предизвик и оваа учебна година. Во 2018 година, поранешниот министер за образование Арбер Адеми, информираше дека книгите ќе бидат во продажба но тоа не се случи.
„Отсега па натаму, издавачките куќи имаат право и должност да овозможат слободен пристап на учебниците на пазарот, тие мораат да понудат и мора да го сторат тоа, за сите оние кои имаат потреба да купуваат учебници од различни причини“, велеше Адеми.
Некои учебници, особено за учениците од шесто одделение, како што се: географија, историја или албански јазик, и годинава недостасуваат во книжарниците а многу ученици решени бараа во фотокопирањето. Министерката за образование, Мила Царовска, денеска изјави дека процесот за набавка на книги се одвива според договорите.
Во некои учебници низ годините имаше содржини во кои Албанците беа опишувани како исламизирани Македонци, а потоа албанизирани, со што се искривуваваше потеклото, историјата и идентитетот на Албанците. Оваа информација, но и многу други скандалозни содржини предизвикаа бројни реакции во јавноста.
Еви Шкопи