ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почнува нова голема афера, увезувале и гореле отпадно масло, го заведувале како мазут!

Високото загадување во земјава се криело зад тони опасно гориво кое лажно се прикажувало како мазут. Него го користеле и државни институции. Станува збор за седум болници, ЈСП Скопје, Министерството за одбрана и Македонски железници. Проблемот лежи во царината. ТВ сторијата на редакцијата Истражувачка репортерска лабораторија открива дека кичевската фирма „Евротим“ снабдувала институции со наводен мазут, кој всушност бил отпадно масло кое го загадува воздухот.

Advertisements

Го добивала од босанската фирма „Хифа Оил“, а тие пак го земале од чешката фирма „Унипетрол“. Таму горивото не се водело како мазут, туку како опасно масло шететно по здравјето и животот на луѓето. Како такво се царинело во Босна, но не и во Македонија бидејќи кај нас, на засега нејасен начин, добивало друга декларација, односно како да е мазут.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, одговорноста ја лоцира кај разрешениот директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски. Според Бектеши, инспекторатот за две години направил само една проверка на квалитетот на горивата.

„Јас не би сакал да го користам зборот дека во тоа истражување директорот лажел, но кажал многу невистини имајќи во предвид дека токму оваа мобилна лабораторија можело да се користи да се направат такви проверки, а тој ниеднаш не се обратил во Министерството за економија, ни во Бирото за метеорологија, не ни ја известил Владата, ако имал такви сознанија. Ние како министерство за економија такви сознанија не сме имале.“

Алсат праша во Царинската управа зошто декларацијата била променета, па отпадното масло, кое не смее да се гори во ЕУ, кај нас мистериозно добило тарифен број како да е всушност мазут, кој е легален за увоз и за горење?

Царинска управа

„Минералните масла се категориризирани во различни категории според нивото на дестилација и тоа како лесни масла, средни масла, тешки масла и масла за ложење. Во царинската номенклатура и во Царинската тарифа не постојат категории или тарифни броеви за опасни масла или безопасни масла…“

Во меѓувреме, фирмата „Евротим“ продолжува да снабдува со опасното гориво. Според новинарското истражување него го користат велешката фирма „БРАКО“ во која како сопственик се јавува поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев и некогашниот комбинат ФЕНИ, а сега ЕУРОНИКЕЛ Индустри во Кавадарци. Инаку, минатава зима и есен најзагаден град во земјава беше токму Кавадарци.

Igor Stefanoski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button