МАКЕДОНИЈА

Алијанса-Алтернатива: Владата заради профит ги труела граѓаните три години по ред

По скандалот со мазутот, Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива бара Обвинителството да преземе мерки во согласност со законот, со цел да ги идентификува виновниците и да ги изведе пред лицето на правдата. АА-Алтернатива проценува дека Владата свесно и со цел да профитира ги труела граѓаните три години по ред.

Advertisements

„Јавно го прашуваме премиерот Заев: Како е можно стотици илјади тони токсичен отпад на тешки горива да поминува низ царинска контрола, и никој да не го истражува ова три години по ред? Почитувани граѓани, Владата на СДСМ-ДУИ во 2018 и 2019 година кога Скопје, Тетово и Кавадарци беа најзагадените градови во светот, министерот за животна средина и вицепремиер Анѓушев ги обвини граѓаните за загадување на воздухот како резултат на греење со дрва, но денес се сфати дека тие се вистинските загадувачи и убијци на граѓаните, намерно труејќи ги за лична корист“, рече Бујаре Абази, Коалиција Алијанса за Албанците-Алтернатива.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button