Се намалува брoјот на новозаболени од коронавирус

Како што се зголемува бројот на вакцинирани граѓани, така и бројот на заболени од коронавирус се намалува. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот 10-16 мај, извршени се 16.773 тестови и биле дијагностицирани само 674 случаи во 31 град во земјата, или 48,3% помалку од пред една недела. Во Скопје имало 45 заразени на 100.000 жители, а во Кратово 94 на 100.000 жители.
Најпогодени возрасни групи се над 60 години, или над 35%, меѓу 50-59 години се близу 16%, како и возрасната група од 30-49 години. 8% од заболените се млади луѓе од 20-29 години, од 10-19 години се погодени близу 5%, и најмалку заразени или под 1% се деца до 9 години.
Бројот на оздравени достигна 2.646 во изминатите 7 дена, додека за овој временски период беа регистрирани 65 починати, што е намалување од 38% во споредба со претходната недела.
Министерот за здравство Венко Филипче рече дека ситуацијата е под контрола, и само 20-30% од болничкиот капацитет е исполнет со пациенти погодени од Ковид-19. Тој рече дека наскоро сите одделенија ќе се вратат на нивната редовна работа.
Инаку, во последните 24 часа од извршени 2.953 тестови се регистрирани само 87 нови случаи. Според здравствените власти, излекувани се 197 излекувани пациенти, а 17 починале. Исто така, има драстично намалување на бројот на активни случаи, каде бројот е 3.143 граѓани а скоро половина од нив само во Скопје. Следува Куманово со 294 активни случаи, Битола со 208, Охрид со 191, Прилеп со 139 и Тетово со 114. Од почетокот на пандемијата до денес, близу 155 илјади граѓани ја поминале заразата со коронавирус.
Аднан Ќаили