ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Тетово, бројот на случаи со Ковид-19 е значително намален

Бројот на заразени со Корона вирусот е намален и во Тетово. Во моментов 8 лица се хоспитализирани на Клиниката, од кои 7 се на кислородна терапија. Од Ковид Центарот информираат дека се намалува и бројот на луѓе кои одат за прегледи во амбулантите.

Advertisements

“Во регионалниот пункт за вакцини во Тетово, интересот за примање на вакцина расте. Од почетокот до сега, повеќе од 10.000 луѓе ја примија првата доза на вакцината.

Главната сестра на пунтот за вакцинација, вели дека досега, ниту едно лице не се пожалило на несакани ефекти како резултат на вакцината.

„Досега немавме случаи со несакани ефекти. За еден ден се вакцинираат по 1200 – 1300 – 900, помалку од ова не сме имале, за разлика од првите два дена кога имавме помалку, инаку сите други денови беа над 1000. Од денес се дава Астра и Зенека, до вчера имавме Синофарм вакцина”.

„Се чувствувам добро во моментот, добар сум, дури не ни забалежав дека ја примив вакцината. Морам да се земе вакцината, не се сите тие будали, а ние  паметни, ова е нешто во корист на човекот“.

„Се чувствувам супер, имам 82 години, сега имам 83, немам несакани ефекти, ништо, јас уште работам“.

Во меѓувреме, и покрај ветувањата дека наскоро ќе биде пуштена во употреба, модуларната болница за ковид во Тетово сè уште не е отворена.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button