ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Чаир и Бутел кубурат со здробени улици и дупки

Многу добро, уживаме. Автомобилот катастрофа. Каде да одиме исто е, катастрофа. Често поминуваме тука, автомобилот се расипува. Тркалата ми се испокршени, секој месец менуваме по едно тркало.

Advertisements

Вака граѓаните говорат за повеќето улици во северниот дел на главниот град, особено во општина Бутел и Чаир. Тие велат дека секоја година се соочуваат со истите проблеми… Оштетени улици, стари дупки кои само привремено се санираат.

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, вели дека започнале да ги санираат ударните дупки во населбата „Скопје Север“ и оти има план за таканаречениот дел Качанички пат, кој го минуваат жителите на Визбегово и бизнисмените од индустриската зона.

И градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, вели дека започнале да ги санираат дупките.

„Пред две недели го завршивме тендерот и компанијата која победи сега е на терен. Денеска се работи на улицата Перо Тошев. Сите улици каде има потреба ќе ги санираме, мислам дека во наредниот период според програмата ќе ги реализираме.“

За овие проблеми на улиците градоначалникот на Скопје, Шилегов, вели дека се резултат на неквалитетната конструкција на шахтите.

Инаку, Шилегов, Смилевски и Ганиу, денескаја го отвори вториот дел од новиот Булевар „Босна и Херцеговина“, кој е долг околу 2 километри и се поврзува со булеварот „Словенија“.

 

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button