ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Досега вакцинирани 200.000 граѓани, од идната недела во оптек „зелени пасоши“

Досега се вакцинирани околу 200 илјади граѓани, а околу 380 илјади други се на листата на чекање ред. Во моментов во тек е вакцинацијата на граѓани над 40 години, како и на оние над 65 кои се пријавиле после први мај. Исто така се вакцинираат и пациентите на дијализа и оние кои биле подложени на трансплантација, а вакцинацијата на новинарите на возраст под 40 години сè уште не е почната. Министерот за здравство најави дека нивната вакцинација се очекува да почне следната недела, најавувајќи пристигнување на уште многу дози на вакцини.

Advertisements

Граѓаните над 60 години кои биле вакцинирани со Astra & Zeneca во други земји, ќе можат да ја добијат втората доза во Македонија. Министерот за здравство најави и нешто друго. Имено, од следната недела ќе се издаваат зелените пасоши.

Граѓаните кои го испуштиле терминот за вакцинација, треба повторно да се пријават и да чекаат ред.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button