ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Почина момчето рането во пукањето во Бутел

Почина 24 годишното момче кое беше во критична состојба по пукањето во Бутел пред неколку дена. Во престрелката беше убиен и Камер Идризи, кон кого, според МВР, од повеќе лица со калашникови биле испукани над 80 куршуми.
Од МВР тогаш информираа дека на паркинг на подрачјето на Чаир каде што било паркирано патничко возило „волксфаген голф 7“ со скопски регистарски ознаки во кое биле убиените, неколку лица со автоматски пушки отвориле оган кон возилото.