МАКЕДОНИЈА

Депортирање на рускиот дипломат, Османи: Прекршени дипломатски правила

Во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон …“, министерот за надворешни работи Бујар Османи се соочи и со прашања во врска со протерувањето на рускиот дипломат, за кого рече дека ги прекршил дипломатските правила согласно член 9 од Виенската конвенција. Османи дури рече дека одлуката рускиот дипломат да се прогласи за персона нон-грата е донесена по консултации со други надлежни тела.

Advertisements

„Министерството констатирало, документирало во постапката, имало прекршувања на правилата за дипломатски статус и врз основа на членот 9 од Виенската конвенција донесе одлука да го прогласи  за персона нон-грата и да побара негово отстранување во рок од 7 дена. Тоа значи дека имало постапка што ја следело министерството и се консултирали со други тела, други институции и биле констатирани овие прекршувања и врз основа на ова утврдување донесов одлука за прогласување на персона нон-грата“, изјави Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button