И покрај помошта за медијација што ја дадоа неколку земји на комисијата за историчари меѓу Скопје и Софија

Понудата на Брисел, Виена или Прага да и се помогне на Комисијата на историчари меѓу Северна Македонија и Бугарија да ги надмине разликите не наиде на одобрување. Извори од бугарска страна во Комисијата за Алсат велат дека во принцип таквата помош е добредојдена, но дека самата комисија е билатерална и е тело на билатерален договор. Македонската страна не се произнесува.
Во меѓувреме, историчарите од Скопје и Софија, кои не се дел од Заедничката комисија, сметаат дека ангажманот на меѓународни експерти не би бил корисен. Според првиот човек на Здружението на наставници по историја, Младедоновски, посредништвото не може да помогне, бидејќи нема историска вистина. Тој дури стравува дека посредништвоото дополнително ќе го одложи надминувањето на билатералните разлики, како што преговаравме за името со Грција 30 години.
Бугарскиот историчар Антон Панчев оценува дека историчарите од регионот, особено од Албанија и Косово, би можеле да помогнат, но поради политички импликации тие не би се согласиле да бидат вклучени во работите на соседните земји. Додека младите европски историчари, според Панчев, работат со нови, чудни теории кои не можат да донесат напредок во дебатата меѓу Скопје и Софија.
„Ги имаме документите. Секој историчар треба да ги прочита и да даде свое мислење. Нема потреба од меѓународни експерти, но има многу квалификувани историчари, тие можат да учествуваат, но нема да го надминат проблемот, бидејќи гледаме дека претставниците на Скопје едноставно ги негираат историските факти.“
Досегашните состаноци на Комисијата за историја во голема мерка завршија без конкретни резултати. Прашањето за учебниците по историја е дискутирано неколку пати, но остануваат големи разлики во пристапот за формулирање на препораките. Разлики остануваат за Цар Самоил и за Гоце Делчев. Следниот состанок се очекува да се одржи на 10 и 11 јуни.
Anesa Salihu