Заменик помошникот државен секретар на САД за Евроазија Метју Палмер вели дека е „многу важно“ Соединетите американски држави да покажат посветеност на Западен Балкан

Заменик помошникот државен секретар на САД за Евроазија Метју Палмер вели дека е „многу важно“ Соединетите американски држави да покажат посветеност на Западен Балкан, бидејќи во спротивно другите сили ќе го искористат празниот простор.
„Ако не сме ниту ние ниту Европејците присутни таму, некој ќе го пополни тој простор. Ние сме таму и сме посветени на регионот, имаме блиски партнери и сојузници низ целиот Западен Балкан. Соединетите држави се посветени на Западен Балкан, не само со зборови, туку и материјално, во смисла на инвестиции, политички ангажман и големо внимание што регионот го бара и го заслужува“,изјави високиот претставник на Стејт департментот, за „Гласот на Америка“
Палмер додаде дека е многу важно Косово и Србија да се вратат на преговарачката маса и да ги решат преостанатите прашања преку разговор“.„Важно е двете страни да се вратат на дијалогот, да разговараат за прашањата на маса, да ги решат и да тргнат кон договор за целосно нормализирање на односите, што, оптимално, би се засновало на заемно признавање. „Тоа е пат кон европска иднина кон која се стремат двете земји. Тој додаде дека САД ќе работат во тесно партнерство со претставникот за дијалог на ЕУ, Мирослав Лајчак.