МАКЕДОНИЈА

Трошановски песимист дека ќе бидат усвоени измените во Изборниот законик

Иако дел од партиите се залагаат за промена на изборниот модел, Марко Трошановски, од Институтот за демократија, смета дека на крај промените на Изборниот законик нема да бидат донесени. Неговите ставови ги поткрепува со проценката дека партиите се предводат од прагматични интереси и калкулации.

Advertisements

„Цело време се говори дека Изборниот законик ќе се менува со консензус, што значи дека ако нема согласност, нема да има измени колку и една или две партии да се залагаат за тоа. Песимист сум дека на крај овој процес ќе заврши добро…партиите имаат премногу различни интереси. На најголемите партии не им одговараат отворените листи, на помалите им одговараат и тн.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button