Ќучук: Треба време за решавање на комплексното прашање меѓу Скопје и Софија

Договорот од Преспа генерално кажува дека Република Северна Македонија нема никаква поврзаност со античка Грција и тука разговорот завршува, се поставува точка, но со Договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година се поставува запирка и можеби од таму доаѓа поголемото, покомплексното прашање, изјави европратеникот и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук.
Тој синоќа во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 оцени дека ќе биде потребно време да се реши проблемот меѓу Северна Македонија и Бугарија и дека ќе треба „подобро да се запознаеме“.
– Договорот од 2017 година поставувајќи ја темата за заедничка историја кажува и уште нешто дека тоа прашање не може да биде решено во рок од неколку години, тоа е значајната разлика со Договорот од Преспа. Договорот од Преспа генерално кажува дека Република Северна Македонија нема никаква врска, т.е. Република Северна Македонија нема поврзаност со античка Грција и тука разговорот завршува, се поставува точка. Додека со договорот од 2017 година се поставува запирка и можеби од таму доаѓа поголемото, покомплексното прашање, истакна Ќучук.