ВЕСТИЗДРАВСТВО

Експерти: Опаѓа бројот на новозаболени, но ризици сѐ уште постојат

И покрај намалувањето на бројот на нови случаи на коронавирус, експертите велат дека сè уште е рано да се каже дека ризиците се надминати. Ако со денови не се регистрираат нови случаи, повторно не може да се каже дека вирусот не е присутен затоа што може да навлезе во државата од патници кои доаѓаат од други делови на светот. Епидемиолозите објаснуваат неколку ситуации кога се очекува целосно смирување на ситуацијата.

Advertisements

„Овој вирус има инкубации две недели“. Инкубацијата е момент од инфекција на лицето до појава на првите симптоми, тоа се 14 дена. Изолација на едно лице кое било во контакт со друго е 14 дена. Во рок од 14 дена кој бил со болниот, ако е заразен, се појавуваат симптоми. Две инкубации се 28 дена. Ако за 28 дена имало 10 заразени и немаме ниту еден заразен уште две фази на инкубација тогаш ќе кажеме дека болеста не се проширила и состојбата е добра. Преносот од заразеното лице на други лица е минимален“, рече Лулјета Имери, епидемиолог, Центар за јавно здравје.

Во моментов бројот на нови случаи е под 5%. Во меѓувреме, во некои градови во земјава нема активни случаи или позитивни тестови на дневна основа. Во последните 24 часа регистрирани се 46 нови случаи во 13 градови. 147 пациенти биле излечени, додека 14 лица починале.

„Од 3.073 тестови, 46 случаи се позитивни со Ковид 19. 19 случаи во Скопје, 5 во Радовиш, 5 во Прилеп и Кичево, по 4 случаи се регистрирани во Куманово, Струмица, Битола и Гостивар, додека 2 случаи во Неготино, Охрид, Струга. Во Гевгелија и Берово по 1 случај“,, велат од Министерството за здравство.

Досега вакцинирани се околу 225 илјади граѓани, додека околу 200 000 други чекаат ред за вакцинирање. Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека 664 лица се заразиле откако биле вакцинирани со првата доза. Инфекцијата кај нив се појавила во првите 14 дена по вакцинирањето кога телото сè уште не е заштитено со вакцината. Овој број е 0,3% од сите вакцинирани досега.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button