ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Психијатриската болница во Скопје се соочува со недостаток на медицински персонал

Психијатриската болница во Скопје се соочува со недостаток на медицински персонал. Од вкупно 360 вработени, само 38 се лекари кои се грижат за 320 пациенти кои моментално се хоспитализирани. Директорот на оваа институција Ќамил Ковачи рече дека разговараат со Министерството за здравство за нови вработувања. Во оваа Болница се третираат сите ментални болести. Според директорот Ковачи, пандемијата ниту го намалила, ниту го зголемила бројот на пациенти.