ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Јуни ја дава најдобрата шанса за почеток на преговорите со ЕУ

Останувам на ставот дека во наредниот период, јуни ја дава најдобрата шанса за почеток на преговорите, а пред тоа остануваат уште две недели за да се надминат разликите, рече денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој додаде дека нашата страна ќе се обиде да ги адресира сензитивностите и на бугарската страна, меѓутоа запазувајќи ги и нашите сензитивности во однос на прашањето.

Advertisements

Шефот на дипломатијата смета дека алармот е подигнат дека регионот стига до критичната точка на губење на кредибилитетот на процесот и на критична точка на прекршување и тоа, како што рече,  го сфаќаат и во Бугарија, го сфаќаме и ние и земјите членки.

– Очигледно времето за делување е сега. Не сакам да ги кренам очекувањата на граѓаните, минатото покажа дека и покрај тоа што имавме перфектно досие за започнување на преговори и станавме тест за кредибилитетот на процесот, очигледно ова прашање зависи од многу внатрешни динамики во земјите членки, но нашето е да бидеме упорни. Имаме обврска добиена од граѓаните дека земјата ќе ја внесеме во ЕУ, нагласи Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button