СВЕТ
Бајден: Ќе го притиснам Путин да ги почитува човековите права

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека ќе го „притисне“ рускиот претседател Владимир Путин да ги почитува човековите права за време на претстојниот состанок во Женева.
„За две недели ќе се сретнам со претседателот Путин во Женева и ќе му дадам до знаење дека нема, нема да му дозволиме да ги крши човековите права“, рече Бајден за време на прославата на Денот на американскиот меморијал, објави Ројтерс.