ВЕСТИРЕГИОН

Косово од денеска без полициски час и без маски на отворено

Во Косово од денеска стапуваат на сила нови олеснети мерки за заштита од ковид-19. Се укинува полицискиот час кој важеше од 23 до 5 часот, а исто така се укинува и обврската за носење маски на отворено доколку лицето се движи само.

Advertisements

Исто така, угостителските објекти ќе работат до 23 часот наместо до 22 часот како што беше досега. Во Косово последните денови е забележан значителен пад на бројот на заболени и починати од Ковид-19. Бројката на активни случаи, според последниот извештај на надлежните здравствени власти, моментно изнесува 2 380.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button