Во Тетово недостигаат инвестиции во инфраструктурата

Недостаток на парк, недостаток на слободни тротоари, но и недостаток на јавен простор кој се узурпира секој ден и повеќе, го карактеризираат Тетово како град. Со затоплување на времето, продавниците започнаа да ја вадат стоката на тротоари и улици, што им го отежнува движењето на граѓаните.
„Како мајка со деца, пред сè, ако излезам во град за да одам до парк, немам каде да одам. Ако сакам да го однесам моето дете во парк, треба да биде паркот кој е дадена на концесија и за кој се плаќа и истиот е затворен, значи не е секогаш отворен. Но, и да имаше парк и да ја земев количката да одам, не би стигнала до одреденото место заради густиот сообраќај, заради окупираните тротоари“, рече Елмедина Абдулахи – Движење „мајка и дете“.
Ваквите узурпации имаат само едно решение, вели инженерот Хамди Сулемани, а тоа е почитување на законот.
„Општина Тетово, градежниот инспекторат во Тетово, градоначалничката заедно со својот кабинет треба да направат само една работа, да го почитуваат законот, бидејќи во законот, сите овие казни се дефинирани“, вели Хамди Сулемани – активист.
Покрај бројните недостатоци во инфраструктурата, во Тетово недостасува и кино, ветување при скоро секој изборен циклус.
„Ние како Тетово имаме два филмски фестивали на кои импровизираме кина за да прикажуваме филмови, јас и самиот бев дел од фестивалот и во технички аспект тоа ни го отежнува многу. Знам дека Тетово има толку многу проблеми, што киното се чини луксуз за Тетово, особено кога станува збор за вода, инфраструктура и сè друго, сепак јас го сакам Тетово и сакам да го видам најдоброто за Тетово“, рече Зеќир Вица – Активист.
Последниве денови, на социјалните мрежи, иницијативата „Подобро за Тетово“ ги потсети локалните власти на досега дадени и неисполнети ветувања. Најмногу критики беа упатени за парковите, шеталишта околу реката и расчистувањето на патиштата и тротоарите од узурпација.
Башким Сулејмани